For emergency assistance during a flood, storm or tsunami, call NSW SES on 132 500   In a life-threatening emergency, call Triple Zero (000).
NSW SES
translate keyboard_arrow_down

English versions of the below collateral can be found on the Storm collateral (English) page.

Знајте го вашиот ризик од невреме 

Невремето создава различни опасности

Невреме може да се јави секаде и во секое време.

Постојат многу природни знаци на невреме, на пример:

  • Ветрови што предизвикуваат штети
  • Интензивни, обилни врнежи
  • Град
  • Грмежи и молња
  • Поројна поплава
  • Големи моќни бранови, надоаѓање на водата од океаните и крајбрежна ерозија.

Невремето може да предизвика голема штета

Невремето може да:

  • оштети куќи, автомобили и друг имот
  • предизвика паѓање на дрва, гранки и електрични жици
  • предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија и гас, на комуникации и на пристап до безбедна вода за пиење
  • предизвикуваат штети и поплави на крајбрежните области.
  • предизвикува поројни поплави на патишта и имоти, ниски области, насипи и потоци.

Подгответе се за невреме

Преземете ја апликацијата Hazards Near Me на вашите мобилни уреди и создадете ,,Зони за набљудување“ за областите во кои живеете, работите и ги посетувате.

Одржувајте ги олуците, дворот, балконот и покривот чисти, уредни и во исправна состојба.

Погрижете се да имате соодветно осигурување.

Подгответе комплет за вонредни ситуации. Во вашиот комплет за вонредни ситуации мора да има: 

  • Преносно радио и резервни батерии
  • Батериска светилка и резервни батерии
  • Комплет за прва помош (со предмети потребни за вашето домаќинство)
  • Свеќи и водоотпорни кибрити
  • Важни документи, вклучително броеви за контакт во вонредни ситуации
  • Копија од сите планови за вонредни ситуации
  • Водоотпорна торба за скапоцености. 

Преземање на материјали

Донесувајте безбедни одлуки за време на невреме

Гледајте и слушајте ги предупредувањата за времето 

Гледајте и слушајте ги предупредувањата за невреме издадени од метеоролошкото биро, вклучувајќи предупредувања за големо невреме и предупредувања за силни грмотевици.

SES на Нов Јужен Велс ќе издаде совет ,,гледајте и дејствувајте“ или предупредување за вонредни ситуации. Нивото на предупредување зависи од влијанието и очекуваните последици од невремето. 

Овие предупредувања ќе се појават на апликацијата Hazards Near Me.

Дејствувајте безбедно

Прицврстете ги или остранете ги неприцврстените предмети во вашиот двор или на балконот, на пример, трамбулини, чадори, маси и столови, и чинии за храна за домашни миленици.

Паркирајте ги автомобилите под сигурна покривка (гаражи, натстрешници) подалеку од дрвја, електрични жици и ниски области.

Погрижете се вашите деца и домашни миленици да бидат внесени внатре на безбедно. 

Следете ги локалните временски услови 

Погрижете се вашите соседи, семејството и пријателите да се запознати со најновите предупредувања.

Слушајте го вашето локално радио и телевизија за најновите вести за времето.

Следете ги сите совети од службите за вонредни ситуации.

Останете безбедни дома

Останете внатре, подалеку од врати и прозорци.

Размислете дали да возите или патувате во текот на невреме.

Бидете безбедни ако возите

Возете побавно и според условите.

Застанете за да побарате засолниште на безбедно место, по можност подалеку од дрвја, електрични жици и ниски области.

Проверете ја апликацијата Live Traffic и слушајте ги најновите известувања на вашата локална радио станица

Бидете безбедни надвор

Јавете се на SES на Нов Јужен Велс на 132 500 ако ви треба итна помош или на три нули (000) ако сте во ситуација опасна по животот.

Најдете безбедно засолниште, по можност во затворен простор.

Останете подалеку од одводи и проточни води.

Останете подалеку од дрва, електрични жици и други предмети кои можат да паднат или да разлетаат при ветер.

Бидете свесни за ризикот од гром и избегнувајте надворешни активности кои можат да ве изложат на ризик.

Преземање на материјали

Останете безбедни по невремето

Бидете во тек

Метеоролошкото биро ќе го откаже предупредувањето за силно невреме или предупредувањето за силни грмотевици кога ќе помине невремето.

SES на Нов Јужен Велс може да издаде совет: Заканата е намалена.

Ако сте ја напуштиле погодената област, вратете се претпазливо откако ќе помине невремето.

Ако вашиот дом бил погоден

Јавете се на NSW SES на 132 500 ако ви треба итна помош.

Организирајте безбедносни инспекции и поправки за вашиот дом, бизнис и имот, вклучувајќи ги приклучоците за гас и електрична енергија.

Контактирајте со професионалци за да ја процените штетата на вашиот имот, на пример: 

  • соодветни занаетчии
  • дрвосечач
  • градежник
  • плочкар
  • водоинсталатер.

Ако сте под кирија, контактирајте го сопственикот заради итни поправки.

Контактирајте ја вашата осигурителна компанија.

Преземање на материјали

Видео

Невреме: запознати и подготвени - Видео (Storm: Aware and prepared - Video) - Mакедонски (Macedonian)

Невреме: Се приближува или се случува - Видео (Storm: Approaching or occurring - Video) - Mакедонски (Macedonian)