For emergency assistance during a flood, storm or tsunami, call NSW SES on 132 500   In a life-threatening emergency, call Triple Zero (000).
NSW SES
translate keyboard_arrow_down

English versions of the below collateral can be found on the Flood collateral (English) page.

Знајте го вашиот ризик од поплава

Дознајте за вашиот ризик од поплава

Контактирајте ја вашата општина (council) за локални информации за вашиот ризик од поплава. 

Контактирајте со вашата локална единица на SES на Нов Јужен Велс за информации за локални поплави. Исто така, информации за локални поплави може да има на веб-страницата на SES на Нов Јужен Велс.

Разговарајте со вашите соседи и со жителите кои долго време живееле, работеле или ја посетувале областа, за информации за поплави во минатото.

Истражете на која висина вашиот дом, бизнис или имот може да бидат погодени од поплава. Овие информации треба да бидат достапни од вашата општина.

Проверете дали имате соодветна полиса за осигурување што ќе ги покрие штетите од поплави за вашиот дом и имот.

Бидете свесни за последиците од поплавите

Има многу последици од поплави, на пример:

  • Оштетување на вашиот дом, бизнис или имот

  • Прекин во снабдувањето со струја и вода

  • Прекин на комуникациските врски

  • Оштетување на канализационите системи

  • Вода надојдена преку патиштата, мостовите и местата што ги посетувате

  • Изолација. Дури и ако вашиот имот не е поплавен, може да бидете опкружени со надојдена вода.

Знајте што треба да правите и каде да одите

Имајте планови за вонредни ситуации за вашиот дом, бизнис и имот. Планирајте за сите луѓе и животни за кои водите грижа. 

Споделете го вашиот план за вонредни ситуации со семејството, соседите и колегите и редовно прегледувајте го.

Планирајте да заминете порано.

Планирајте безбедни патишта за патување за различни сценарија на затворени патишта.

Организирајте безбедно место каде да одите што е надвор од зоната на ризик од поплави, на пример во куќата на пријател или роднина. Ако ова не е опција, планирајте да одите во центар за евакуација.

Подгответе комплет за вонредни ситуации

Во вашиот комплет за вонредни ситуации мора да има: 

  • Преносно радио и резервни батерии

  • Батериска светилка и резервни батерии

  • Комплет за прва помош (со предмети потребни за вашето домаќинство)

  • Свеќи и водоотпорни кибрити

  • Важни документи, вклучително броеви за контакт во вонредни ситуации

  • Копија од сите планови за вонредни ситуации

  • Водоотпорна торба за скапоцености.

Бидете информирани

Преземете ја апликацијата Hazards Near Me на вашите мобилни уреди и создадете ,,Зони за набљудување“ за областите во кои живеете, работите и ги посетувате.

Преземање на материјали

Подгответе се за поплава

Знајте ги предупредувањата

Гледајте и слушајте за предупредувања за поплави и временски услови од SES на Нов Јужен Велс и од метеоролошкото биро.

Следете ги природните знаци за поплави, вклучувајќи обилни врнежи од дожд, брзи води или насобрана вода. 

Дејствувајте навреме. Може нема да добиете предупредување од SES на Нов Јужен Велс. 

SES на Нов Јужен Велс ќе издаде совет ,,гледајте и дејствувајте“ или предупредување за вонредни ситуации. Нивото на предупредување зависи од влијанието на поплавата и очекуваните последици. 

Придржувајте се на вашиот план за вонредни ситуации

Придржувајте се на плановите за вонредни ситуации за вашиот дом, бизнис и имот. Придржувајте се на вашиот план за сите луѓе и животни за кои водите грижа. 

Подгответе го вашиот комплет за вонредни ситуации во случај да треба да заминете.

Подгответе се да заминете

Најдете безбеден пат за заминување користејќи ја апликацијата Live Traffic.

Спакувајте ги последните важни предмети во комплетот за вонредни ситуации, на пример:

  • Добра количина на потребни лекови

  • Сите специфични предмети и материјали за бебиња, лица со попреченост, изнемоштени и постари лица.

  • Соодветна облека и обувки

  • Свежа храна и вода за пиење.

Пред да заминете

Исклучете ги гасот, струјата и водата пред да тргнете.

Земете го вашиот комплет за вонредни ситуации.

Преземање на материјали

Донесувајте безбедни одлуки за време на поплава

Проверете ги најновите предупредувања

Посетете ја веб-страницата на SES на Нов Јужен Велс за најнови информации.

Проверете ја апликацијата Hazards Near Me (Опасности во моја близина).

Слушајте радио и телевизија за информации, најнови вести и совети.

Споделете информации за поплавите со семејството, пријателите и соседите.

Следете ги локалните состојби

На веб-страницата Live Traffic проверете дали има затворени патишта.

Останете подалеку од поплавените подрачја.

Дејствувајте безбедно

Следете ги сите совети од службите за вонредни ситуации.

Никогаш не одете и не возете низ надојдена вода. Никогаш не играјте во надојдена вода.

Одете на безбедно место што сте го идентификувале надвор од зоната на ризик од поплави или во центар за евакуација.

Премногу доцна за заминување

Ако сте заглавени во поплава, побарајте засолниште во највисокиот дел на цврста зграда или на повисоко место и јавете се на три нули (000) за спасување. Оваа ситуација е опасна по живот.

Преземање на материјали

Останете безбедни по поплави

Бидете во тек

Гледајте и слушајте информации, најнови вести и совети.

Проверете ја веб-страницата на SES на Нов Јужен Велс и веб-страницата на вашата општина.

Избегнувајте области погодени од поплави. 

Ако сте заминале

Продолжете со претпазливост. Патиштата, јавните површини и зградите може да бидат небезбедни.

NSW SES ќе издаде Совет: Вратете се претпазливо. Не се враќајте дома додека SES на Нов Јужен Велс не го издаде овој совет.

Држете ги децата и вашите животни подалеку од областите погодени од поплави. 

Избегнувајте надојдена вода и кал, бидејќи од нив може да се разболите.

Ако вашиот дом бил погоден

Организирајте безбедносни инспекции и поправки на вашиот дом, бизнис и имот, вклучувајќи приклучоци за гас и електрична енергија. Контактирајте со Service NSW ако ви треба помош. 

Контактирајте ја вашата осигурителна компанија.

Ако повторно градите, размислете за опции што се отпорни на вода.

Преземање на материјали

Видео

Поплава: Запознати и подготвени - Видео (Flood: Aware and prepared - Video) - Mакедонски (Macedonian)

Поплава: Се приближува или се случува - Видео (Flood: Approaching or occurring - Video) - Mакедонски (Macedonian)

Подготвеност за поплави (NSW SES flood preparedness tips) - Mакедонски (Macedonian)