For emergency assistance during a flood, storm or tsunami, call NSW SES on 132 500   In a life-threatening emergency, call Triple Zero (000).
NSW SES
translate keyboard_arrow_down

English versions of the below collateral can be found on the Tsunami collateral (English) page.

Знајте го вашиот ризик од цунами

Дознајте за вашиот ризик од цунами

Контактирајте со вашата локална единица на SES на Нов Јужен Велс за да добиете локални информации за цунами.

Знајте ги вашите области за евакуација од цунами со прегледување на Картата на областа за евакуација на веб-страницата на SES на Нов Јужен Велс.

Бидете запознати со знаците и последиците од цунами

Цунами се серија моќни бранови кои ги погодуваат крајбрежните области во одреден временски период, а опасните струи на цунами може да траат многу денови по првичниот удар.

Постојат многу природни знаци на цунами, на пример:

  • земјотрес
  • необично однесување на океанот: изгледа или како поплава што брзо се зголемува или како ѕид од вода, или нивото на водата во океанот драстично опаѓа и се покажува дното на океанот
  • татнеж од океанот, сличен на звукот на воз.

Цунамито има многу влијанија и последици, на пример:

  • бранови, високо надојдена плима и силни и моќни океански струи кои прават штета.
  • бранови кои можат да патуваат многу подалеку во внатрешноста од нормалното и кои се подеструктивни.
  • можно е поплавување на ниските крајбрежни области повеќе од 2 километри во внатрешноста.
  • реките и потоците што водат до океанот може да наидат на бранови кои патуваат нагоре и се обвиткуваат околу гребените и островите. 

Подгответе се

Преземете ја апликацијата Hazards Near Me на вашите мобилни уреди и создадете ,,Зони за набљудување" за областите во кои живеете, работите и ги посетувате.

Подгответе планови за евакуација од цунами за вашиот дом, бизнис и имоти кои се во областите на ризик од цунами и погрижете се да планирате за сите луѓе и животни за кои водите грижа.

Споделете го вашиот план за вонредни ситуации со семејството, соседите и колегите и редовно прегледувајте го.

Подгответе комплет за вонредни ситуации. Во вашиот комплет за вонредни ситуации мора да има: 

  • Преносно радио и резервни батерии
  • Батериска светилка и резервни батерии
  • Комплет за прва помош (со предмети потребни за вашето домаќинство)
  • Свеќи и водоотпорни кибрити
  • Важни документи, вклучително броеви за контакт во вонредни ситуации
  • Копија од сите планови за вонредни ситуации
  • Водоотпорна торба за скапоцености. 

Преземање на материјали

Донесувајте безбедни одлуки за време на цунами

Знајте ги предупредувањата 

Бирото за метеорологија ќе издаде предупредување за набљудување, поморско предупредување или предупредување за копно во зависност од ризикот од цунами. Бирото ќе издаде Прекин на набљудување за цунами или Прекин на предупредување за цунами кога главната закана ќе помине или кога нема да се појави цунами.

SES на Нов Јужен Велс ќе ги издаде следните предупредувања во зависност од нивото на ризик од цунами:

  • Совет - Бидете информирани
    Се издава кога постои можност да се случи цунами.
  • Предупредување за вонредни ситуации - избегнувајте ја областа
    Се издава кога постои закана од цунами за морските области и може да бидат погодени океаните и крајбрежјето. Ова предупредување ги упатува членовите на јавноста да избегнуваат користење на морските области.
  • Предупредување за вонредни ситуации - евакуирајте се
    Се издава кога постои закана од цунами за крајбрежните копнени области. Ова предупредување им наложува на граѓаните да се евакуираат од областа за евакуација.
  • Совет - Следете ги условите
    Ова предупредување се издава кога ќе помине заканата од цунами.
  • Совети - Намалена закана, вратете се претпазливо
    Ова предупредување се издава кога е безбедно да се вратите во евакуираните области.

Дејствувајте безбедно

Можеби ќе има малку време за подготовка - мора да дејствувате веднаш.

Следете ги сите совети дадени во предупредувањето за цунами:

  • За предупредувањето за вонредни ситуации - Избегнувајте ја областа - излезете од водата и оддалечете се од крајбрежните области и проточните води кои се поврзани со океанот.

  • За предупредувањето за вонредни ситуации - Евакуирајте се - оддалечете се најмалку 1 километар во внатрешноста на копното. Ако не можете да заминете, појдете во цврста зграда, најмалку 10 метри над вообичаеното ниво на морето. 

Ако сте:

  • во плитки, крајбрежни води – вратете се на брегот, прицврстете го вашиот чамец и оддалечете се од водата.
  • далеку од брегот - одете понатаму во подлабока вода.

Слушајте и посматрајте ги природните знаци на цунами (наведени погоре).

Сирената за вонредни ситуации може да се огласи на некои локации доколку има закана од цунами.

Може да биде испратена текстуална или снимена гласовна порака до луѓето во погодената област. Штом се прими оваа порака, луѓето се советуваат да ги следат чекорите за безбедност. Луѓето не треба да ја чекаат оваа порака ако слушнале за неа од други извори.

Следете го вашиот план за евакуација од цунами

Одете до вашата безбедна област; не возете бидејќи патиштата може да бидат блокирани од прекумерен сообраќај.

Земете го со вас комплетот за итни ситуации.

Погрижете се вашите соседи, семејството и пријателите да се запознати со најновите предупредувања.

Слушајте го вашето локално радио и телевизија за најнови вести.

Ако сте се евакуирале

Бирото за метеорологија ќе издаде Прекин на набљудување за цунами или Прекин на предупредување за цунами кога ќе заврши заканата од цунами.

SES на Нов Јужен Велс ќе издаде совет: Вратете се претпазливо кога е безбедно да се вратите во погодената област.

Не се враќајте во погодените области додека службите за итни ситуации не објават дека е безбедно. Можеби нема да биде безбедно да се вратите долго време.

Центри за обнова по катастрофа и центри за евакуација може да бидат основани после цунами.

Организирајте одење на безбедно место што е надвор од погодената област од цунами, на пример во куќата на пријател или роднина. Ако ова не е опција, одете во центар за евакуација. 

Останете подалеку од погодената област од цунами и не одете да разгледувате.

Ако сте заглавени

Јавете се на SES на Нов Јужен Велс на 132 500 ако ви треба итна помош или на три нули (000) ако сте во ситуација опасна по животот.

Ако сте на безбедна локација и не ви треба итна помош, останете таму и чекајте помош.

Ако можете

Помогнете им на другите кои имаат потреба ако можете и само ако е безбедно.

Продолжете да слушате информации, совети и најнови известувања.
 

Преземање на материјали

Видео

Цунами: Бидете подготвени - Видео (Tsunami: Be prepared - Video) - Mакедонски (Macedonian)

Цунами: Се приближува или се случува - Видео (Tsunami: Approaching or occurring - Video) - Mакедонски (Macedonian)